Да нема манипулации при откупот порачуваат лозарите

Од:

Да нема манипулации со шеќерните единици кои се бараат при откупот на грозјето, побара Дане Јошев, претседателот на регионалното Здружение на Тиквешки лозароовоштари.

Оваа негова изјава следува откако синоќа разочарани лозари го истурија грозјето пред откупен пункт, во знак на револт, од, како што рекоа, манипулациите со кои се соочуваат при откупот.

Јошев нагласи дека на терен, некои од откупувачите не ги почитуваат претходно неформално договорените цени за килограм грозје. Тој апелираше на зголемена инспекциска контрола на терен, со цел, како што додаде, да престанат малверзациите кон лозарите при откупот на нивното грозје.

Од винарницата „Тиквеш“ синоќа информираа дека биле доведена во ситуација привремено да го прекинат откупот на грозјето поради како што рекоа неколкумина поединци кои на крајно некоректен и насилнички начин го блокирале влезот на винарницата и со тоа попречиле над 200 лозари да го предадат грозјето.

Би можело да ве интересира

Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски