Цветков: Се е подготвено за откуп на тутунот

Од:

Се е подготвено за почеток на откупот на тутунот од годинашната реколта, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков при по посетата на земјоделската задруга „Вегефреш“ во Куклиш.

Со оглед на врнежливата година, како што рече, се очекува производството да биде околу 28 до 30 милиони килограми.

– Министерството ги презеде сите потребни мерки за почеток и успешен откуп на тутунот. Годинава  девет фирми добија дозвола за откуп на 25 милиони килограми тутун. На средбите со откупувачите беше разгледана и можноста  за откуп на целото производство, изјави Цветков.

Во врска со исплатата на тутунот откупен од „Томи мит“, министерот изрази подготвеност средствата на производителите да им бидат исплатени од државата зашто, нагласи, следува судски процес за разрешување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот