ЦМГ: Кина останува најголем пазар за онлајн малопродажба во светот

Од:

Малопродажбата во Кина преку интернет забележа раст од 14,8 отсто на годишно ниво, на 9,8 билиони јуани (околу 1,5 билиони долари) во 2020 година, покажуваат податоците на кинеското Министерство за трговија.

Како што објави Кинеската медиумска група (ЦМГ) Кина веќе осум години по ред е најголем пазар за онлајн малопродажба во светот. Онлајн продажбата на мало има удел од 24,9 отсто од вкупниот обем на малопродажбата во Кина минатата година.

Зголемената продажба преку интернет ги зголеми и курирските услуги со вкупно 83,36 милијарди пакети испорачани во текот на 2020 година.

Минатата година продажбата на артикли во живо на интернет исто така стана популарна, со повеќе од 20 милиони маркетиншки активности од тој вид.

Кинсекото Министерство за трговија исто така наведе дека увозот на стоки за широка потрошувачка во земјата забележа раст за 8,2 отсто на годишно ниво на 1,57 билиони јуани.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски