Ципрас: Не е постигнат договор меѓу Грција и еврозоната

Од:

Грција и министрите за финансии на еврозоанта не постигнаа договор за програмата за финансирање на Атина, соопшти вечерва Кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Како што јави ДПА, во соопштението се посочува дека министрите на Еврогрупата на средбата во Брисел разговарале за „неразумен и неприфатлив предлог-текст за продолжување на финансиската помош“ за Грција.

– Во такви околности неможе да биде постигнат договор денеска, се нагласува во соопштението на Кабинетот на Ципрас.

Сепак, извори од седиштето на ЕУ информираат дека и покрај ваквиот став на Атина, преговорите меѓу Грција и Еврогрупата продолжуваат вечерва во Брисел.

Предлогот на Евроозната што е одбиен од страна на Грција на средбата на министрите за финансии на земјите-члемнки на еврозоната, предвидува продолжување на програмата за помош на Грција за шест месеци.

Во предлог-документот се нагласува дека тој е изработен врз основа на најавите на грчката Влада „дека ќе побара шестмесечно техничко продолжување на актуелната програма, како преоден чекор“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Морничав случај во Грција: Син го запалил телото на татко му, делови пронајдени во корпа

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски