Меѓу 25 и 30 проценти од македонското население живее во енергетска сиромаштија, а тука не спаѓаат само луѓето кои се под прагот на сиромаштија, туку и оние кои поради недостиг на пари не може да си платат сметка за струја или да го загрејат домот.
Според статистиките на Еуростат, во 2020 година една третина до една четвртина од луѓето во земјава можеле задоволително да го загрејат домот. Како што истакна Ана Стојиловска од „Аналитика“ која е и автор на Прирачникот, се очекува оваа бројка да се зголеми за 2021-ва, 2022-ра и 2023 година.
Taa истакна дека еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат енергетски ранливите граѓани, кој е проблем и за голем дел од оние кои не се енергетски ранливи, е покривање на непредвиден трошоци, што укажува дека граѓаните немаат доволно финансиски заштеди за да инвестираат во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
– Енергетската сиромаштија не е само неможност за плаќање на сметките за енергија, туку треба да се спречи и за дел од потребите за да се гарантира задоволување на сите основни потреби во домот – за греење, полнење, превоз, комуникација итн. Оваа важна, скриена енергетска сиромаштија е причината зошто граѓаните треба да дадат приоритет на плаќањето на сметките за струја и парно, но за да се постигне тоа треба да ги намалат трошоците за другите основни потреби, како превоз, храна и така натаму – рече Стојиловска.
Маријана Лончар Велкова, претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, посочи дека е потребно да се дејствува за граѓаните да не го носат најтешкиот товар на инфлацијата. Таа апелира дека се потребни добро осмислени владини мерки за ограничување на цените, за да може секој да јаде.
Лончар нагласи дека направиле истражување за задоволството на граѓаните од водоводните услуги и јавното осветлување, при што 37 отсто од граѓаните се незадоволни од наплатата на вода, 62 отсто не се задоволни од испораката на електрична енергија, како и фактот што светлата се гасат во најголем дел од општина, а граѓаните секако плаќаат струја.
– Граѓаните изразија незадоволство и од јавниот превоз, а немаат доверба дека нешто конкретно ќе се преземе и реши. 60% од испитаниците се незадоволни од испораката на услугите од комуналните претпријатија. Неопходна е точна дефиниција на јавните услуги за да се обезбеди добра услуга – потенцира Лончар.
Прирачникот произведен од Аналитика е наменет за широка група актери во Северна Македонија кои работат на енергетски, социјални, еколошки, здравствени, родови, климатски и сродни прашања со цел да се информираат за повеќедимензионалните аспекти на енергетската сиромаштија, која влијае на голем број на граѓани, особено како резултат на енергетската криза и поскапувањето на енергенсите. Прирачникот илустрира неколку аспекти на енергетската сиромаштија и нуди 28 препораки.