Четиричлено семејство може да преживее со 60 илјади месечно

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]На четиричлено семејство за пристоен живот месечно му се потребни околу 60 илјади денари, а на семејство со едно дете или без дете му се потребни 30 илјади. За самец се доволни меѓу 10 и 20 илјади денари. Ова се пресметки на Македонската платформа за борба против сиромаштијата, пишува „Утрински весник“.

Во истражувањето се опфатени 73 лица од различни националности и семејства со најразличен број на членови, од кои 36 не биле осигурани, а 24 биле невработени. Според анкетата, главни генератори на сиромаштијата се невработеноста, ниската законска утврдена минимална плата и нискиот износ на социјална помош, а и ригорозните услови за корисници на социјална помош.

„Нивото на социјална помош требада се зголеми, а за да се постигне тоа треба да се зголемат и минималните лични доходи“, вели Мила Царовска, претседател на МППС на трибината.

Таа укажа дека актуелниот систем, кој на корисниците на социјална помош не им се дозволува да работат, не функцонира.

„Со тоа им се намалува можноста да најдат работа, но и мораат да се кријат ако работат од страв дека ќе бидат откриени и ќе ја изгуват и онака ниската социјална помош, која не им е доволна за оптанок“ додаде Царовска.

„ Правото на минимален достоинствен приход е основно човеково право и тој во Европа е 60 отсто од расположливиот просечен семеен приход“ истакна Сиан Џонс, од Европската мрежа за борба против сиромаштијата.

Таа смета дека минималниот достоинствен приход не е исто што и минималниот личен доход, кој во најголем дел европски земји е пренизок, но вели дека со воведување на социјалнтие категории сиромаштијата е намалена за една третина во земјите кога стапиле во сила.

 

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот

Ана Ололовска