Чешката круна од почетокот на годинава ослабе повеќе и од рубљата

Од:

Во анализата за водечките светски валути, чешката круна во однос на еврото и доларот се наоѓа најдолу на листата во првите неколку денови од 2015 година, јави дописникот на МИА од Прага.

Во понеделникот, чешката национална валута ослабе за цел еден процент во однос на еврото, а генерално за цела измината година загуби 2,7 проценти.

Во споредба со доларот, состојбата на круната е алармантна и за две недели бележи пад за околу 5,4 проценти од својата вредност, со што состојбата е полоша и од односот на цената на нафтата и чувствителната норвешка круна или руската рубља.

Во вторникот едно евро се продаваше за 28,37 круни, а доларот за 23,98. На почетокот на годината курсот беше 27,35 кон еврото и 22,80 кон доларот.

Се смета дека опаѓањето на круната е последица на ослабувањето на валутата која Чешката народна банка ја направи кога го зацврсти курсот на еврото на 27 круни.

Според економистите, курсот ќе се смири кога ќе достигне вредност на едно веро ќе достигне 28,40 круни.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски