Чешка нема да го воведе еврото пред 2020 година

Од:

Гувернерот на Чешката народна банка (ЧНБ) Мирослав Сингер, изјави дека Чешка нема да ја замени круната за европската валута пред 2020 година, јави дописникот на МИА од Прага.

Сингер, објасни дека со оглед на тоа што одлуката да влезе во еврозоната, земјата мора да ја соопшти три години однапред, а актуелната Влада не го има сторено тоа, би се очекувало тоа да биде направено најрано во 2017 година.

Тој во исто време ги отфрли критиките на претседателот на земјата Милош Земан, кој го обвини Одборот на ЧНБ дека неодамна интервенирала против националната валута круната со цел да го одложи прифаќањето на еврото и на тој начин да ја зајакне сопствената моќ.

Според Сингер, таквиот аргумент нема никаква смисла, бидејќи неговиот мандат истекува во 2016 година, а на поголемиот дел од членовите на Одборот во 2017 година, во периодот пред да биде донесена евентуалната одлука за прифаќање на еврото.

Според гувернерот, чешката економија „драматично се подобрува“ токму поради интервенциите на ЧНБ.

Иако, бруто домашниот производ (БДП) на Чешка во третиот квартал порасна за 2,4 проценти на годишно ниво, сепак ЧНБ во ноември ја намали својата проценката за натамошениот економски раст на 2,5 отсто за оваа година и за следната година. Претходно, во јулските предвидувања, Банката проценуваше дека растот на БДП оваа година ќе биде 2,9 проценти, а следната три отсто.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски