„Чебрен“ и „Галиште“и овојпат без понуди

Од:

Пропадна седмиот тендер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ на Црна Река. Рокот за доставување понуди, кој претходно беше двапати одложуван, истече, а Министерството за животна средина најави дека дополнително ќе ја информира Владата дали ќе се распише нов или ќе бидат променети условите во тендерот.

Проектот е вреден 600 милиони евра,а три компании имаа подигнато тендерскадокументација.На почетокот најзаинтересирани за реализација биле германска и  италијанска компанија,но поради светската економската криза се откажале од оваа инвестиција. Заинтересирани биле уште неколку компании, кои не доставиле понуди.

Ова беше седми обид на Владата да склучи договори со заинтересираните инвеститори за најголемиот стопански проект.По критиките дека предвидените брани се превисоки, овојпат беше најавено дека браните ќе може да бидат пониски, ако ја исполнат предвидената моќност од 333 мегавати за ХЕЦ „Чебрен“и 197 мегавати за ХЕЦ „Галиште“. Во целиот пакет повторно влегува и ХЕЦ „Тиквеш“, која треба да стане дел од новата компанија со концесија од 52 години.

Би можело да ве интересира

Шукова: Во подготовка е одлуката за поништувањето на постапката за Чебрен

Предраг Петровиќ

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Шукова: Тендерот за ХЕЦ Чебрен пропадна

ВМРО-ДПМНЕ: Тендерот Чебрен пропадна поради пропусти и немање капацитет ниту знаење од владата за капитални проекти, за ова први алармиравме

Измина рокот до кој „Архиродон“ требаше да одлучи дали ќе ја гради ПАХЕ „Чебрен“

Горан Наумовски