Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е подготвена да им позајми повеќе средства на земјите од Западен Балкан и да им помогне да ги спроведат реформите за да можат да привлечат повеќе инвестиции додека бараат пристап во Европската унија, рече претседателот на ЕБОР Сума Чакрабарти.
ЕБОР позајмува околу една милијарда евра годишно во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија и е најголемиот мултилатерален инвеститор во регионот.
– Западен Балкан е веќе регион кој добива највисоки инвестиции по глава на жител од сите региони каде е ЕБОР, изјави во Софија, каде што ќе присуствува на самитот ЕУ-Западен Балкан.
Тој истакна дека ЕБОР сака да направи уште повеќе. – Ако има повеќе реформи, тогаш ЕБОР ќе може да инвестира повеќе од една милијарда евра годишно, рече Чакрабарти.
ЕБОР го прошири својот мандат во последната деценија и сега работи во повеќе од 35 земји.
Развојната банка разгледува планови за проширување на годишното кредитирање за речиси третина на 12,5 милијарди евра од нејзиниот сегашен просек од околу 9,5 милијарди евра.
Чакрабарти рече дека ќе види до крајот на годината колку од дополнителните 3 милијарди евра годишно може да одат во Западен Балкан.
Банката е во потрага за поддршка на проекти кои ќе ја подобрат транспортната и енергетската инфраструктура, како и проекти кои ќе им помогнат на нивните дистрибутери на енергија или берзи да работат заедно подобро.