Чадеж: „Отворен Балкан“ за единствен пазар на трудот

Од:

Во рамките на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, сакаме нашите камиони да не застануваат на граничните премини меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија, сите документи да се завршуваат што е можно во пократок рок, да си веруваме и да ги признаваме сертификатите издадени во институциите на една од трите земји, како и да имаме единствени работни дозволи, изјави синоќа претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС) Марко Чадеж во Ниш, каде што се одржа состанок на претставници на влади, државни управи, институции и стопански комори од трите земји, јави дописникот на МИА од Белград.

– Тоа е нашата цел и така ќе го забрзаме не само протокот на стоки, туку и ќе ги намалиме сите трошоци за нашите компании. Сакаме тоа да го постигнеме до Самитот во Тирана на крајот на декември и спроведувањето да започне во јануари 2022 година. Од друга страна, единствените работни дозволи ќе им овозможат на сите граѓани на Србија, Албанија и Северна Македонија да работат без проблеми во трите земји, како дел од една област, како што работат членките на ЕУ, нагласи Чадеж.

Третата голема цел, според претседателот на ПКС, е информациската инфраструктура, создавањето единствен ИД број – важен не само за забрзување на трговијата, туку и за давање поволности на сите компании и граѓани кои ќе се регистрираат за Отворен балкански матичен број, што ќе значи поевтини авионски билети, патарини, поволности во железничкиот сообраќај и други поволности. Чадеж потсети и дека се формира Совет за имплементација, кој ќе биде задолжен за спроведување на се што е договорено.

На собирот во Ниш се собраа повеќе од 160 претставници на влади, државна администрација, институции и стопански комори на Северна Македонија, Србија и Албанија.

Во следните два дена преку работа на шест секторски групи за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки, слободно движење на луѓе, земјоделски, индустриски производи, единствен електронски идентитет за граѓаните на „Отворениот Балкан“ и група за поврзување на информатичките системи, претставниците на релевантните институции на трите земји ќе ги решаваат клучните предизвици за да се забрза и олесни протокот на луѓе и стоки.

Би можело да ве интересира

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“

На иницијатива на Ковачевски Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Ана Ололовска