Цените на угостителските услуги во ноември во однос на октомври годинава останале на исто ниво, а во однос на ноември лани се зголемени за 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги Во периодот јануари – ноември годинава, во однос на истиот период од минатата година, цените на угостителските производи се зголемени за 0,4 проценти, а во однос на декември лани за 0,2 проценти.