Цените на нафтата се зголемија поради санкциите на САД кон Иран

Од:

Цените на нафтата на светските берзи пораснаа втора недела по ред, поради новите американски санкции кон Иран, но дополнителниот раст на вредноста на енергенсот беше ограничен поради најавите за зголемено нафтено производство во САД.

На Лондонската берза, цената на еден барел изнесуваше 56,8 долари, што е за 2,3 отсто повеќе во однос на претходната седмица, додека на Берзата во Њујорк растот изнесуваше 1,2 отсто на 53,83 долари за барел.

Тој раст се должи на санкциите што САД ги воведоа кон 13 поединци и 12 компании од Иран, поради тестирањата на балистички ракети. Во корист на тоа оди и намалувањето на производството на руските компании во согласност со договорот со Организацијата на земјите извознички на нафте (ОПЕК).

За минатиот месец, се проценува дека производството на нафта во светски рамки е намалено за 1,4 милиони барели дневно, а се предвидува дека до средината на оваа година тоа ќе изнесува 1,8 милиони барели дневно. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека тој тренд би можело бргу да се анулира, со оглед на зголеменото производство во САД.

Имајќи ги предвид моментните околности, аналитичарите сметаат дека цените на нафтата во нардниов период ќе се движат меѓу 50 и 60 долари за барел.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата