Цените на нафтата близу до највисокото ниво во последниве 17 месеци

Од:

Цените на нафтата на светските берзи минатата недела забележаа раст, достигнувајќи вредност билзу највисоките нивоа во последниве 17 месеци, што ги натера аналитичарите да ги променат своите прогнози за движењето на цените на енергенсот во текот на следната година.

Северноморскиот „брент“ минатата недела поскапе за 1,6 отсто, достигнувајќи цена од над 55,20 долари за барел, додека вредноста на американската „лесна“ нафта порасна за 0,8 проценти на речиси 52 долари за барел.

Ваквиот раст уследи по одлуката на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) од крајот на ноември за намалување на дневното производство на енергенсот од 1 јануари 2017 година за 1,2 милиони барели. Кон ваквата одлука се придружија и некои производенители на нафта кои не се членки на картелот, како што е Русија.

Оваа одлука, која е прва од овој тип од 2008 година, има за цел да придонесе за „стабилизирање на нафтениот пазар“, односно за зголемување на цената на нафтата со создавање на дефицит на енергенсот.

По ваквите последни движења на вредноста на нафтата, иневстициската банка „Голдман Сакс“ ги промени своите прогнози за движењето на цените на енергенсот на светските бези во текот на следната година.

Банката сега проценува дека во текот на вториот квартал од идната година цената на нафтата ќе достигне околу 57,50 долари за барел, наспроти претходните прогнози од 55 долари.

Но, додека ОПЕК и некои други земји најавуваат намалување на производство на нафта, во САД продолжува трендот на раст на новоотворени наоѓалишта на енергенсот, што започна пред седум месеци.

Компанијата „Бејкер Хјуз“ соопшти дека минатата недела бројот на активни наоѓалишта на нафта во САД е зголемен за уште 12 на 510, што е најголема цифра од јануари годинава.

Сепак и покрај растот на производството во САД, аналитичарите проценуваат дека одлуката на ОПЕК и останатите земји прозводители ќе резултира со зголемување на цените на енергенсот, кои во следниот период ќе се движат меѓу 50 и 60 долари за барел.

Од средината на 2014 година цените на нафтата се намалија за околу 100 долари, достигнувајќи до околу 30 долари за барел во февруари годинава, што претставуваше нивна најниска вредност во последниве 13 години.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата