Цените на мало во февруари помали за 0,1 отсто

Од:

Цените на мало во февруари годинава се помали за 0,1 отсто во споредба на претходниот месец, додека трошоците на живот пораснале за 0,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Порастот на трошоците на животот, според ДЗС, е резултат на порастот на цените на рибата за 1,9 отсто, млечните производи за 1,5, преработките од овошје и месото за 0,5, свежото и киселото млеко за 0,4, производите од жито и кондиторските производи за 0,3 и на преработките од зеленчук, преработките од месо и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Во февруари, пораст на трошоците на животот е забележан и кај сообраќајните средства за 4,6 отсто, цврстите горива за 2,4, средствата за хигиена за 0,9, нафтените деривати за 0,7, други медицински производи за 0,6, електричните апарати за домаќинствата за 0,5, храната и пијалаците во рестораните и хотелите и останати услуги неспомнати на друго место за 0,4 и лековите за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано кај мастите за 0,4 отсто, овошјето и алкохолните пијалаци за 0,2, авионскиот превоз на патници за 6,8, ПТТ услугите за 2,2, средствата за образование за 0,8, обувките, течните горива и гасот за домаќинствата и услугите за образование за 0,4 отсто.

Цените на мало во февруари 2013 година, во споредба со истиот месец од 2012 година, бележат пораст од 1,8 отсто, а трошоците на животот пораст од 3,5 проценти.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот

Ана Ололовска