Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво, ќе се следи состојбата со енергенсите

Од:

Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 отсто во државата, а претставниците и членовите на Коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените на лебот и пецивата да не се покачуваат, односно, да останат на исто ниво и во следниот период, до крајот на април, при што состојбите континуирано ќе се следат и ќе се анализираат.

Ова беше заклучено на денешниот работен состанок во Министерството за економија на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови – Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.

-Министерството за економија и Владата, се заложија заеднички да се следи состојбата и, во случај на влошување на ситуацијата со цените на нафтата и нафтените енергенси, заедно со мелничката индустрија да изнајдат заеднички решенија како би се релативизирала опасноста во оваа индустрија од зголемување на цените. Исто така, мелничко пекарска индустрија до сите медиуми и политички чинители во Македонија замолува да не се користи оваа сложена ситуација со цените на лебот и пецивата за создавање паника и несигурност кај граѓаните, затоа што со тоа се наштетува и на граѓаните и на компаниите, се вели во соопштенија од Стопанската комора и Сојузот на стопански комори.

Би можело да ве интересира

Леб и компир најчесто на трпезата, соковите попопуларни од виното и кафето

Горан Наумовски

СДСМ: На третото место сме во Европа според поскапувањето на лебот

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

Во Штип втор ден се продава леб од 30 до 33 денари

Катерина Ѓуровски

Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Скопјани во редици пред маркетите: поради карантинот, останавме без леб

Габриела Димковиќ-Мишевска