Цената на нафтата падна под 45 долари за барел

Од:

Цените на нафтата денеска паднаа на нов тримесечен минимум, откако повторно зајакнаа стравувањата од глобална презаситенот на понудата во пресрет на извештајот за нивото на американските резерви.

Цената на американската лесна нафта се намали за 22 центи на 42,7 долари за барел, додека северноморскиот „брент“ поевтини за 25 центи на 44,62 долари.

Падот на цените следеше по тридневната зголемена побраувачка на енерегенсот. 

Американската Управа за енергетски информации треба денеска да го објави својот извештај за нивото на резерви. Аналитичарите во своите предвидувања наведуваат дека резервите на бензин минатата недела се зголемиле, додека резервите на нафта продолжиле да се намалуваат веќе десетта недела по ред.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски