Цената на нафтата на најниско ниво од 2009 година

Од:

 Пословни дневник – Загреб

Цената на суровата нафта на светскиот пазар не престанува да паѓа. WTI нафтата во последните два месеца поевтини дури 30 отсто па во моменталните анализи цената на платформите на Адмирал Маркетс изнесува 42,48 долари по барел. Последниот пат нафтата беше вака евтина во екот на финансиската криза во 2009 година.

Причина за најновиот пад на цените на нафтата е загриженоста на инвеститорите на финансиските пазари по прашањето на стопанската состојба во Азија. Имено, минатонеделната девалвација на валутата од страна на кинеската централна банка укажува дека состојбата на кинеското стопанство, кое е втор најголем потрошувач на нафта во светот, е полоша од неодамнешните проценки. Во Јапонија, трет најголем потрошувач на нафта на светот, состојбата исто така не е добра бидејќи е објавено дека БДП во вториот квартал паднал за 0,4 отсто.

Поради тоа многу шпекуланти на финансиските пазари продаваат футурес договори поврзани за нафтата во надеж дека подоцна нафта ќе можат да купат по евтина цена.

Друга причина за наглиот пад е пораката на високите функционери на Иран дека Иран може во рок од една недела откако ќе се укинат санкциите, да почне на пазарот да пласира дополнители 0,5 милиони барел нафта дневно.

Аналитичарите на Адмирал Маркетс сметаат дека без оглед на горе наведените околности, цената на нафтата премногу падна и тешко може долго да се задржи на волку ниско ниво. При оваа цена на многу бушотини едноставно не се исплатува да се произведува нафта, а ниската цена порано или подоцна ќе доведе до раст на побарувачката па поради тоа и до нов раст на цените. Дополнителна причина која укажува на брз пресврт на трендот, се американските резерви на нафта кои веќе со недели паѓаат, што укажува или на раст на побарувачката или на пад на понудата на нафтата. Иако цената на нафтата веројатно нема толку брзо да се врати на 100 долари по барел, до крајот на годината веројатно ќе порасне на 50 до 60 долари по барел.

На движењето на цените во идните недели ќе влијае податокот за најновата состојба на американските резерви за нафта, кој ќе биде денеска објавен, како и индексите на довербата во Европа, кои ќе бидат објавени кон крајот на оваа недела.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски