Царовска: Програмата „Гаранција за млади“ ги надмина очекувањата, вклучени 700 лица

Од:

За два месеца во Програмата „Гаранција за млади“ се вклучени 700 лица во општините Струмица, Скопје и Гостивар, каде се реализира оваа програма како пилот проект, информираше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на денешниот отворен ден со млади невработени лица, што се одржа во Струмица.

Таа истакна дека програмата ги надминала очекувањата и младите искажуваат голем интерес за неа.

– Почнуваме со увид во состојбите во Струмица, затоа што оваа програма ги надмина нашите очекувања и за само два месеца се вклучени 700 лица во трите градови, од кои 123 веќе се во работен однос, рече министерката за труд и социјална политика.

Додаде дека за 640 е напревен индивидуален план за вработување, 220 веќе биле вклучени во други услуги за вработување како што се: мотивациски обуки, обуки за барање работа, професионална ориентација и кариерно советување.

Таа појасни дека од пријавените, 123 млади лица веќе се во работен однос, а од останатите 60 проценти аплицирале за некои од програмите или мерките за вработување како на пример: 59 во Програмата самовработување со грант, 86 во Програмата за субвенционирање на плати, 73 во Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, 73 во Практикантство и сл.

Градоначалникот на Струмица Коста Јаневски истакна дека локалната власт дава голема поддршка на програмата, бидејќи една од заложбите на општинското раководство е Струмица да биде општина по мерка на младите.

– Ние ги поддржуваме таквите проекти, бидејќи ги ветивме. Ме радува што првите резултати се охрабрувачки и ветувачки и продолжуваме понатаму со исто темпо со цел младите да го најдат своето место во општеството и полесно да ги понудат своите способности и да можат да бидат креативни учесници во подобрата иднина за сите, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Според Мартин Милошевски од Националниот младински совет на Македонија заедно со 27 младински работници од трите општини работат во идентификација и мапирање на млади луѓе, кои се потенцијални корисници на мерката „Гаранција за млади“.

Оваа програма има за цел да обезбеди на млади лица на возраст од 15 до 29 години во период од четири месеци шанса за вработување, континуирано образование и обука или практикантство.

Проектот се спроведува од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Македонија и Националниот младински совет на Македонија, а е финансиски поддржан од Швајцарската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Царовска: Условите за работа и движење меѓу население и условите за движење во училишниот двор се подеднакви

Царовска: Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата за заразни болести

Катерина Ѓуровски

Царовска: Состојбата во училиштата стабилна

Катерина Ѓуровски

Царовска: Изминатиот ден имавме 14 позитивни ученици, нема интерна трансмисија во училиштата

Маја Илиевска-Пачемска

Царовска на средба со средношколците: Наставата со физичко присуство е најдобра опција

А1он