(ВИДЕО) Царовска: Одговорно постапувам со тоа што ја известувам јавноста за случајот со пензиите

Од:

Два и пол часа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, даваше исказ кај обвинителката Лидија Раичевиќ за кривичната пријава со неисплатените придонеси во вториот пензиски столб кое се случувало со години. Царовска по распитот беше резервирана за повеќе објаснувања, и рече дека останува на тоа што го изјавила претходно.

На прашање како ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека кон нивната партија со овој предмет се води специјална војна, Царовска не одговори директно туку рече: „Одговорно и отчетно постапувам со тоа што ја известувам јавноста и го информирам јавното обвинителство за сите сознанија“.

Таа кажа дека очекува Обвинителството да постапува по предметот.

Претходно, министерката обелодени дека за околу 12.000 осигуреници, уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб, односно за нив воопшто не се распределувале средства во приватниот (втор) столб, иако ги исполнувале законските услови за тоа.

Царовска се обврза дека државата ќе ја исправи ваквата неправда, со 19 милиони евра обезбедени од Буџетот на РМ, со коишто ќе бидат обесштетени корисниците. Таа при обелоденување на случајот рече дека сите документи кои биле дел од анализата, ќе бидат предадени на Основното јавно обвинителство на понатамошна истрага.

 

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Затворски и куќен притвор, но и мерки за претпазливост одреди судот за 23 осомничени кои „делеле“ туѓа нега и пензии

Обвинителство: Нови тројца осомничени во аферата „Адитив“

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Обвинителството поднесе жалба против малата казна затвор за Пајазити кој ја усмрти Теодора Ристовска

Горан Наумовски

Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“

Oбвинителство за седум полицајци бара притвор, тројца се обезбедени со претходна постапка