(ВИДЕО) Царовска: Ако работодавачот отпушти вработен, следните 2 години нема да може да вработи друго лице

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска на прес-конференција истакна дека Владата ги зголемила платите на 19.000 работници. Спред неа, измените во законот за работни односи влеваат дополнителна сигурност за работниците за задржување на нивното работно место, но и за зголемување на нивниот животен стандард.

„Без социјален дијалог, нема унапредување на работничките права. Со измените во законот ќе се добијат прецизни договори за работен однос, но и заштита за работникот да не остане без неговото работно место“, рече Царовска, која додаде дека доколку работодавачот отпушти вработен, на истото работно место нема да може да вработи друго лице следните две годни.

Министерот за финансии Драган Тевдовски потсети дека владата ја зголемила минималната плата на 12.000 денари, а пак просечната плата во споредба со минатата година ја покачила за 4,6 проценти. Тој вели дека платите мора да растат, за да се покачи животниот стандард на граѓаните.

За мерката која ја најави премиерот Зоран Заев, вели дека секој работник ќе добие покачување на плата, а фирмата добива 30 проценти од покачената сума.

„Со оваа мерка се опфатени фирми кои не добиваат никаква поддршка од државата, а фирмите не треба да прават високи профити. Поддршката ќе се испалаќа од МТСП, по апликациите од фирмите и нивно проверување во УЈП“, рече Тевдовски додавајќи дека мерката ќе се исплаќа откако фирмата ќе ја исплати платата.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Царовска: Условите за работа и движење меѓу население и условите за движење во училишниот двор се подеднакви

Царовска: Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата за заразни болести

Катерина Ѓуровски

Царовска: Состојбата во училиштата стабилна

Катерина Ѓуровски

Царовска: Изминатиот ден имавме 14 позитивни ученици, нема интерна трансмисија во училиштата

Маја Илиевска-Пачемска

Царовска на средба со средношколците: Наставата со физичко присуство е најдобра опција

А1он