Бројот на исплатени штети зголемен за 15 проценти, осигуреници наплатиле 31,5 милиони евра

Од:

Осигурителните компании исплатиле 35.163 штети за неживотно осигурување во првите шест месеци годинава, а од тоа осигурениците наплатиле 31,5 милиони евра односно 20 отсто повеќе од лани. Најголем раст на број на исплатени штети има кај приватно здравствено осигурување и тоа за 68 отсто во однос на истиот период лани,.

Според официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), бројот на наплатените штети за неживотно осигурување во првите шест месеци годинава е за 15 отсто поголем во однос на истиот период лани. Во првите шест месеци годинава 11 осигурителни компании за неживотно осигурување на осигуреници исплатиле вкупен износ на штети од 1,94 милијарди денари, односно 31,5 милиони евра.

-Најголем раст на бројот на исплатени штети во овој период е регистриран кај приватното здравствено осигурување – класа со највисок раст во периодот на здравствената пандемија предизвикана од вирусот COVID 19. Во периодот јануари – јуни годинава се исплатени 9.144 штети покриени со договори за осигурување и тоа е за 68 отсто поголем број исплатени штети во однос на истиот период лани. За првите шест месеци осигуреници од покритија за приватно здравствено осигурување наплатиле 92,6 милиони денари (1,5 милиони евра), информираат од АСО.

Кај осигурувањето на имот, најголема класа доброволно осигурување според вредноста на вложувањата во полиси, за шест месеци се исплатени 4.022 штети. Тоа е за три отсто повеќе од истиот период во претходната година. По основ на тие штети осигурениците наплатиле 292,1 милиони денари (4,75 милиони евра).

Кај најмасовната доброволна класа – осигурувањето од незгода за првите шест месеци се исплатени 3.573 оштетни побарувања и тоа на исто ниво во однос на лани. Вредноста која осигурителните друштва ја платиле на осигуреници изнесува 249,4 милиони денари (4,05 милиони евра).

По основ на каско осигурување за моторни возила реализирани се исплати за 3.661 штета или три отсто помалку од лани. За овие штети компаниите на осигурениците исплатиле 224,1 милиони денари (3,6 милиони евра).

Како што посочуават од АСО, очекувано најголем број исплатени штети има кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност. Исплатени се 13.603 штети, односно за 19 отсто повеќе од истиот период во 2020 година. Вредноста на исплатените штети во оваа осигурителна класа за овој период изнесува 875,9 милиони денари (14,24 милиони евра).

Би можело да ве интересира

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за авто осигурување

Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Неоправдано е поскапувањето на регистрацијата на возила: Полисите поскапи за 15 отсто

Орце Костов

Македонските граѓани вложиле 87 милиони евра во осигурување на своите возила

Орце Костов

Граѓаните потрошиле 685.000 евра на патничко осигурување во јули, во зелен картон се вложени 2,8 милиони евра

Орце Костов