Неоправдано е поскапувањето на регистрацијата на возила: Полисите поскапи за 15 отсто

Од:

Поскапува регистрaцијата на возила во земјава откако осигурителните компании ги зголемија сумите за задолжителната осигурителна полиса за автоодговорност, а граѓаните не беа известени за тоа.

Цената на полисата за автоодговорност е зголемена за 15,4 отсто. Поскапувањето е пропорционално во зависност од зафатнината на моторот кој е вграден во возилото. За возило од 44 до 55 киловати досега се плаќаше 5.453 денари без попуст или бонус за немање штета, а новата цена ќе биде 6.292 денара.

Се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност – 30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена.Истото важи и за доплатоците за рент-а-кар возила, за возила кои имаат над пет седишта, возила кои се товарни, како и доплаток за осигуреникот кој се пресметува според возраста на оној на чие име гласи полисата.

Осигурителните компани за покачувањето на цените биле известени од Националното Биро за осигурување во понеделникот. Наводна причина за поскапувањето бил растот на цените на автоделовите иако на терен информациите велат дека речиси ништо не е поскапено и нема одговор зошто граѓаните не беа информирани за ваквите промени.

Од Агенцијата за супервизија на осигурување велат дека зголемувањето на цените на полисите е неоправдано.

„Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност“, велат оттаму.

Би можело да ве интересира

Реакции по враќањето на старите цени на полисите: Државата воспостави 100 отсто контрола над цените, обвинуваат осигурителните компании

А1он

АСО: Владата да ги намали цените на полисите за регистрација, потегот на осигурителните компании е неоправдан

Орце Костов

Осигурителните компании имаат рок до вечер да ги вратат старите цени на полисите

Орце Костов

Осигурувањето за регистрација сепак поскапува: Премијата останува иста, повисоки се трошоците на осигурителните компании

Орце Костов

Процедурата за 45 нови возила кои Владата ќе ги купи на лизинг е ефикасна и законска, смета Грковска

Орце Костов

„Две за 100“ – налепници НМК се продаваат на интернет и во скопски Чаир, цвета бизнисот

Анита Петровска Рајковиќ