Велика Британија ќе мора да уплати 2,1 милијарда евра во буџетот на Европската унија до 1-ви декември и покрај противењето на премиерот Дејвид Камерон или и следи казна, јави дописникот на МИА од Брисел.
Ова денеска го потврди комесарот за буџет на Европската унија, Јацек Доминик, по противењето на Камерон на петочниот Самит на Европскиот совет дека по ребалансот на буџетот е утврден поголем плус во Бруто-националниот доход (ГНИ) на Британија, оваа островска земја ќе треба да уплати дополнителни две милијарди евра во бџуетот на Брисел.
– Ќе испратиме повик до 15-ти номеври до Британија и ќе видиме што платила оваа земја-членка до 1-ви декември. Ако не плати, ќе испратиме пријателско потсетување, па потоа и правила за казнување, а со калкулација на казните ќе испратиме сметка. За Британија е најважно во статистичката обнова се не-профитните институции кои им служат на домаќинствата, а добивката од нелегални активности е мала во придонесот кон буџетот – истакна комесарот Доминик.
Според еврокомесарот за буџет, во Брисел се изненадени од реакцијата на Камерон, бидејќи се работи за техничко прилагодување на ГНИ, како еден од елементите за придоенс на ЕУ-земјите во буџетот на Унијата. Тој вели дека Европската комисија ги прави овие прилагодувања секоја година и дека последните бројки од Бруто-националниот доход се добиени рз база на проценките на Државните заводи за статистика на смаите земји, како и на проценките на Европската канцеларија за статистика (Евростат).
– Во овие случаи, ЕК нема активна улога, туку пасивна оти само собира податоци од статистичките канцеларии и потоа ги дистрибуира според ГНИ на секоја земја-членка во ГНИ на целата Европска унија. Јас бев изнанден од реакцијата на британскиот премиер оти до тој момент немаше никаков сигнал од админситрацијата на Велика Британија дека имаат проблем со овие бројки – вели коемсарот Доминик.
Според европското законодавството, нема можност за поинакво решение на ова прашање, оти според еврокомесарот за буџет, мора да се донесе во таков случај друга легислативна процедура, што бара квлаификувана согласност од сите земји-членки на ЕУ и тоа би било тешко оти би отворило Пандорина кутија. Доминик вели дека ако Британците одбиваат да уплатат 2,1 милијарди евра во ЕУ-буџетот, тогаш тие се откажуваат и од 500 милиони евра кои треба да им се вратат во однос на попусти.
– Регулативата за имплементација наметнува дека придонеси од прилагодување треба да се платат до 1-ви декември во ЕУ-буџетот и тогаш оваа сума треба да се плати. Ако не биде сторено, тогаш Еврокомисијата ќе испрати писмо во кое вели дека недостасува сума на пари и ќе чека одговор на земјата-членка зошто не е платнео и ако не се подобри ситуаицјата за неколку недели или месеци, тогаш ЕК ќе наметне казни – заклучува комесарот Доминик.