Брисел одобри на француската држава да му помогне на „Пежо“

Од:

Европската комисија денеска и одобри на Франција да му пружи привремена помош на производителот на автомобили ПСА „Пежо ситроен“ во вид на шестмесечна гаранција од 1,2 милијарди евра.

Комисијата ни напомена дека во рок од шест месеци очекува план за реструктурирање на целокупната групација.

– Одобрение за оваа гаранција беше неоопходно на банката ПСА Финанс (банкарски огранок Пежо Ситроен) да овозможи пристап на пазарот, како и да се избегне проблемите да се прошират низ финансискиот банкарски сектор, што би влијаело на трошоците на задолжување ПСА Финанс, се наведувба во соопштението на Комисијата.

Глобалната продажба на најголемата француска и втора по големина европска автокомпанија опадна минатата година за 16 отсто, под три милиони возила, поради намалување на побарувачката во Европа, каде компанијата остварува околу 60 отсто од приходите.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано