Брегзит би можел да ја чини Британија 73 милијарди евра годишно

Од:

Велика Британија со излегувањето од Европската унија би можела да изгуби 73 милијарди евра, или 66 милијарди фунти годишно, покажуваат владините документи, кои ги објави „Тајмс“. Во најлоша варијанта, напуштањето на заедничкиот европски пазар и преминувањето на правилата на Светската трговска организација би можеле да доведат до пад на БДП за дури 9,5 отсто во следните 15 години.

Претходно оваа недела, консултантската фирма Оливер Виман предвиде нешто помал, но се уште застрашувачки губиток од 42 милијарди евра доколку Велика Британија за време на преговорите за излез не биде подготвена на одредени отстапки кон ЕУ.

Министерството за финансии очекува опаѓање на надворешната трговија и странските инвестиции за една петтина, а негативниот резултат од тие губитоци би предизвикал намалување на продуктивноста, што пак, би довело до големо намалување на даночните приходи, пишува „Д Тајмс“.

Весникот коментира дека ваквото сценарио е можно, со оглед на тоа што британската прмеиерка Тереза Меј не покажува преголема желба за договор со ЕУ. Британија ќе мора да избира меѓу целосна контрола на имиграцијата или пристап до европскиот пазар по поволни услови. Британските медиуми наведуваат дека економските врски со остатокот на Унијата се во втор план, а британската Влада е фокусирана на имиграцијата.

Доколку ја напушти европската Спогодба за слобода на движење, согласно која секој граѓанин на ЕУ може слободно да влезе во земјата, Лондон не може да очекува дека ќе остане дел од заедниќкиот пазар, е ставот на Унијата.

велика Британија веќе почна да ги чувствува последиците од Брегзит. Фунтата минатата недела падна на најниското ниво во последните три декади, што следуваше брзо откако премиерката Меј најави покренување постапка за излез од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он