Бразилската Влада ќе потроши 23 милијарди долари за јавниот транспорт

Од:

Претседателката на Бразил Дилма Русеф изјави дека Владата ќе потроши уште 23 милијарди долари за јавниот транспорт и наведе пет клучни области за забрзување на политичката реформа и подобрување на државните услуги.

Нејзината изјава уследи по средбата со лидерите на Движењето за бесплатно патување, организацијата која ги предизвика првичите протести во Бразил пред повеќе од една недела и повика на нови демонстрации за денеска.

– Најмногу сакам да повторам дека мојата Влада ги слуша демократските гласови. Треба да научиме да ги слушаме гласовите на улицата, истакна Русеф на средбата со гувернерите и градоначалниците.

Таа ги посочи дека петте приоритети на Владата: фискална одговорност и контрола на инфлацијата, политичка реформа, здравство, јавен транспорт и образование.

Мајара Вивиан, еден од лидерите на Движењето за бесплатно патување истакна дека Владата не посочила конкретни мерки и оти протестите ќе продолжат.

– Ситуацијата ќе се смени само со конкретни мерки од државата, истакна Вивиан.

Би можело да ве интересира

Бразилската полиција спречи бомбашки напад планиран за концертот на Лејди Гага

Горан Наумовски

Лејди Гага одржа бесплатен концерт во Рио де Жанеиро

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он