Брашното од денеска со контролни маркички

Од:

Од денеска брашното што се става во промет мора да има контролна маркичка која ќе биде поставена на видно место. Маркичката треба да биде читлива и прицврстена или трајно втисната на пакувањето.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска информира дека компаниите се должни пред да го пуштат брашното во продажба да го означат секое пакување со контролна маркичка.

– Согласно Законот за квалитетот на земјоделските производи, брашното може да се стави во промет означено со контролна марка и да ги исполнува условите за промет и квалитет утврдени со овој закон. Исто така  операторот со брашно е должен пред ставање во промет на брашното на пазар, секое пакување да го означи со контролна марка на видливо место. Контролните марки треба да се јасно видливи, читливи, неизбришливи и прицврстени или трајно втиснати на пакувањето на начин што при отварањето на пакувањето, ознаките видливо и трајно се оштетуваат, наведуваат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници