Борисов и Ципрас ќе го означат почетокот на изградбата на интерконекторот за гас меѓу Грција и Бугарија

Од:

Премиерите на Бугарија и Грција, Бојко Борисов и Алексис Ципрас денеска во селото Кирково во реонот на јужниот бугарски град Крџали, ќе присуствува на почетокот на изградбата на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји (ИГБ).

Како што јави дописничката на МИА од Атина, дипломатски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА изјавиле дека Грција работи на сите инфраструктурни проекти, кои ќе обезбедат услови за безбедно енергетско снабдување во Југоисточна Европа и Источниот Медитеран и ги спомнуваат гасоводите ТАП и Ист-Мед, како проекти што „ја зајакнуваат енергетската безбедност во регионот, како и економската и геополитичката улога на Грција“.

Интерконекторот ИГБ, кој е компонента на Трансјадранскиот гасовод (ТАП), ќе биде со должина од 182 километри и ќе ги поврзе грчкиот национален систем за пренос на гас во областа на Комотини, со бугарскиот национален систем за гас во Стара Загора.

ИГБ се гради врз основа на Меморандумот за разбирање меѓу Грција и Бугарија потпишан во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Бугарија