Бојкот на машиновозачите, сообраќаат само три воза за транспорт на мигранти

Од:

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија и понатаму е во прекин, откако од вчера напладне машиновозачите ги бојкотираат работните задачи незадоволни од доцнењето во исплатата на платите.

Од Железничката станица во Скопје потврдуват дека не сообраќа ниту еден воз, а според дел од синдикатите во МЖ Транспорт, пак, пуштени се само три воза за транспорт на мигранти.

Според Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија  (НСМПМ), бојкотот е поради доцнењето на исплатата на платите, материјалните трошоци и здравственото осигурување за јули и за август, за што бараат средба со премиерот Никола Груевски, бидејќи не се задоволни од досегашните разговори со раководството на МЖ Транспорт и со ресорното министерство.

– Нема да ги исполнуваме работните задачи се додека не се оствари средбата што ја бараме, и не се исплати во целост платата за јули. За платата за август бараме почитување на законските одредби за исплата најдоцна до 25 овој месец, изјави претседателот на НСМПМ Душко Чакаровски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски