„Боинг“ очекува Кина да купи 7.690 авиони во следните 20 години

Од:

Кинеските авиокомпании ќе купат 7.690 нови авиони во вредност од 1.200 милијарди долари во следните две децении, за да го задржат темпото со зголемената потрошувачка и бизнис побарувачката за воздушен транспорт, проценува компанијата „Боинг“.

Најновата проценка на американскиот производител на авиони за периодот до 2037 година е зголемена за 6,2 отсто од ланските прогнози, кога „Боинг“ очекуваше дека кинеските компании ќе купат 7.240 авиони до 2036 година.

– Растот во Кина може да се припише на зајакнувањето на средната класа во земјата. Средната класа се зголеми трипати во текот на изминатите десет години и се очекува да се удвои во следните десет, изјави Ренди Тинсет, потпретседател на маркетинг на „Боинг“.

„Боинг“ и неговиот европски ривал „Ербас“ се обидуваат да го зголемат влијанието на пазарот во Кина, најбрзо растечкиот глобален авионски пазар, на тој начин што двете компании отворија производствени капацитети во Кина.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски