„Боинг“ ја намали прогнозата за побарувачка на авиони во следните две децении

Од:

Американскиот производител на авиони „Боинг“ ја намали 20-годишната прогноза за побарувачка на нивните авиони, бидејќи економските превирања предизвикани од пандемијата на коронавирусот негативно ќе влијаат и на испораките на авиони во следните неколку години.

„Боинг“ сега предвидува дека во следните две децении испораките на комерцијални авиони ќе достигнат 43.110 единици, што е за два проценти помалку од предвидените 44.040 пред една година.

Вредноста на авионите што треба да бидат испорачани остана непроменета, 6,8 милијарди долари, согласно каталошките цени, пренесуваат британските медиуми.

Иако се очекува флотите на авиокомпаниите речиси двојно да се зголемат, „Боинг“ за првпат ја намали прогнозата за 20-годишната побарувачка во однос на бројот на испораки од финансиската криза во 2009 година.

Американската компанија, исто така, остро ја намали проекцијата на побарувачката за првата половина на 20-годишниот период, односно за следните 10 години. Според новата проценка, испораките во периодот од 2020 до 2029 година ќе изнесуваат 18.350 авиони, 10,7 проценти помалку од претходната прогноза за 20.550 авиони.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Боинг укинува 17.000 работни места, ја одложува испораката на 777X