Богов очекува ММФ да потврди дека Македонија е во добра финансиска кондиција

Од:

Мисијата на ММФ од вчера го почна мониторингот на состојбите во македонската економија откако заврши Програмата за претпазливост. Гувернерот Димитар Богов, кој вчера имаше средба со членовите на Мисијата, очекува заклучокот да биде дека Македонија е во добра финансиска кондиција и дека може без проблем да ги сервисира обврските од кредитната линија за прептазиловист.

– Вчера ја имавме првата почетна средба со Мисијата на ММФ. Целта на оваа мисија ткн. постпрограм мониторинг значи следење на состојбите по завршувањето на програмата што ја имаше Македонија, односно кредитната линија за претпазливост, изјави денеска гувернерот додавајќи дека „монетарците“ вообичаено ќе видат и какви се сега движењата во економијата и сето она што стандардно ги интересира.

Според Богов, ќе нема позасилен мониторинг, и мисијата е за потребите на ММФ, а не за земјата. Потенцира дека се се сведува на стандардни консултации и оти во рамки на тоа се прави мало дополнително скенирање на состојбите чисто за потребите на ММФ да оцени какви биле ефектите од програмата што сме ја имале во претходните две години.

– Целта на ММФ секогаш е да видат дали земјата може да ги враќа обврските што ги напрвила кон ММФ, затоа што пред се заинтересирани се да ги добијат парите назад. Не се сомневам дека нивниот конечен заклучок ќе биде дека Македонија е во добра финансиска кондиција и дека може без проблем да го врати кредитот што го користеше од ММФ пред две години, истакна Богов.

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд ќе престојува во Македонија до 16-ти овој месец. Освен со Богов, Мисијата ќе има средби со министерот за финансии Зоран Ставрески, со банкари, бизнисмени и со опозицијата.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

НБ: Инфлацијата се намалува, економскиот раст под проектираниот

Горан Наумовски

Граѓаните ќе можат бесплатно да проверат колку се кредитно изложени: Нова алатка на Народна банка

Орце Костов

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели