Богетиќ: Македонија мудро управува со јавните финансии

Од:

„Управувањето со фискалните политики во Македонија е на солидно ниво досега, а предизвикот е да се продолжи со тоа во едни понеповолни услови оваа година и да се опстои на патот на структурните реформи кои добро и служеле на земјата. Секако, растот во Македонија не е ни одблиску онаму каде што би требало да биде, и тоа претставува предизвик, вели Жељко Богетиќ, главен економист на Светска банка за Западен Балкан во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Според него тимот во Светска Банка, кој работи на Македонија е охрабрен од фактот дека Македонија навистина е помеѓу предводниците во регионот на Западен Балкан, како во смисла на севкупната успешност на економијата, но исто така и управувањето со макроекономските политики, особено фискалното управување од една страна, а исто така и структурните реформи како што е подобрување на инвестициската клима, кое неодамна ја донесе Македонија помеѓу земјите кои се најповолни за инвестирање во регионот и во светот.

„Севкупно, Македонија е многу позитивна приказна во регионот на западен Балкан и би сакале да видиме тоа нешто да продолжи и да се прошири“, вели Богетиќ.

„Македонија мудро управува со своите јавни финансии, го држи дефицитот под контрола, а нејзиниот јавен долг е многу помал. Сепак, во сегашните услови во еврозоната, односно високо ниво на несигурност и потенцијално интензивирање на кризата во еврозоната и Македонија, исто така, треба да продолжи цврсто да ги контролира фискалните дефицити и да спречи зголемување на јавниот долг во иднина.

Значи тоа е предизвикот, да се продолжи, на некој начин, со спроведувањето на здравите политики од минатото, меѓутоа во услови на полошо надворешно економско опкружување.

На долг рок, сметам дека главниот предизвик на Македонија е понатамошната интеграција, физички, во смисла на надворешна трговија, во смисла на финансиски текови, во смисла на европските интеграции, и понатамошно унапредување на реформите насочени кон зголемување на продуктивноста, конкурентноста, подобра инвестициска клима и поефикасен јавен сектор“ вели во интервјуто за Радио слободна Европа, Жељко Богетиќ, главен економист на Светска банка за Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Во Скопје: Разбојник од банка украл 2,6 милиони денари

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Тони Стојановски нов претседател на Управниот одбор на НЛБ банка

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА