Бочварски: До крајот на годината ќе се распише тендер за изградба на пругата од Крива Паланка до ГП Деве Баир

Од:

Интензивно се гради железничката пруга од Куманово до Бељаковце, надлежните се задоволни од динамиката. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на ЈП ЖРСМ, Зоран Трифуновски денеска извршија увид во работата на изградбата на пругата во кумановската населба „Перо Чичо“. Изградба на првата фаза односно делницата од Куманово до Бељаковце во должина до 31 километар е во вредност од 40 милиони евра.

Изградбата на железничка пруга од Куманово до Крива Паланка и во следна фаза до границата со Република Бугарија е инвестиција од преку 700 милиони евра. Бочварски рече дека ова е сериозна вложување и значењето на Коридорот 8 како дел од европската транспортна мрежа, изградбата на оваа пруга е предуслов за одржлив економски развој за земјава и регионов, а ЕУ го вградила коридорот на мапата на европски коридори.

– Денешната посета на оваа прва делница заедно со министерот Спасовски и директорот е доказ за тоа колку е важна оваа пруга, не само како инвестиција за Владата, туку како капитален проект кој ќе овозможи огромен општествен придонес за граѓаните, за стопанството и за целата држава, рече Бочварски и изрази задоволство од динамиката на реализацијата на проектот. Како што истакна, реализација е 44 проценти и очекува да се заврши до рокот, октомври 2024-та година.

За втората фаза, од Бељаковце до Крива Паланка инвестирани се 155 милиони евра за изградба на 34 километри нова пруга. Во тој дел, како што истакна, надминати се најголем дел од предизвиците и се работи со добар прогрес од 12 проценти.

– Тоа што можам оттука да го најавам е дека оваа пруга ќе биде оперативна до крајот на наредната година, со што првата делница ќе биде завршена. Тендерската постапка за третата фаза од Крива Паланка до границата со Бугарија е во заршна фаза. Очекуваме до крајот на годинава да биде распишана тендерска постапка за избор на изведувач на најкомплексната делница на железничката пруга, трета фаза од Крива Паланка до Р. Бугарија, изјави Бочварски.

Тој очекува брз развој и економски раст за компаниите, наведе дека го разбира скептицизмот за изградба на железницата, укажувајќи дека се комплексни проекти.

– Ги санираме сите аномалии и слабости кои во минатото се појавиле при изградбата на пругите, железничките коридори за денеска да реализираме најголем проект досега од 200 милиони евра и тој се реализира, кажа Бочварски.

Министерот потенцираше дека е формирана мешовитата комисија на Северна Македонија и Србија која започнала да работи на плановите за изградба на брза пруга од Белград до Скопје со крак до аеродромот во Скопје, завршено е со рехабилитација на дел од јужниот коридор 10 на потег од Неготино до Ногаевци.

– Собранието веќе го изгласа Законот за либерализација во железничкиот сообраќај, процес со кој очекуваме да влезат нови оператори кои ќе возат по македонските пруги И со сите овие проекти и мерки даваме силен инпут во создавање на нов железнички систем кој паралелно ќе се развива и со другите железници во регионот, кажа министерот.

Бочварски потсети и за инвестициите во патната инфраструктура се засилуваат на коридорот 8: првиршува проширувањето на третата лента од Крива Паланка до Деве Баир, експресниот пат Ранковце до Крива Паланкаво завршна фаза, завршен Куманово-Страцин и обиколницата на Куманово со мостот како и „Искрин Мост“.Во овој регион се рехабилитирани и други патни правци и како што кажа Бочварски од запоставен, североисточниот регион сега има модерна инфраструктура.

– Нашата активност на терен продолжува, правиме силен притисок за побрза реализација и денеска можам да кажам дека ќе имаме нов рекорд во реализација на капиталните инвестиции на Владата, бидејќи веќе го надминавме минатогодишниот кој изнесуваше 465 милиони евра, оваа година веќе е надминат, до крајот на годината очекувам уште повисоко ниво, којшто ќе биде значаен за граѓаните и за државата, кажа Бочварски.

Директорот на ЈП ЖРСМ, Зоран Трифуновски посочи дека локацијата каде што се врши уводот е на десетиот километар.

– Со изведувачите сме стигнати до 44 проценти во изведбата. Тука е стојалиштето „Перо Чичо“ има три станици до Бељаковце. Ќе стигнеме до предвидениот рок за изградба на ЛОТ 1, рече Трифуновски.

Тој очекува со добра динамика да телат изградбите и на останатите два Лота, со новиот тендер да се избере изведувач и да се завршат трите лота. Во однос на дел од изградбата на оваа делница во Куманово, Трифуновски рече дека целосно е завршена експропријацијата, нагласи дека соработуваат со граѓаните во местата каде што поминува делницата, се дава приоритет на животната средина. Во овој дел како што нагласи ќе има звучна заштита, подвозник за потребите на месното население, кое во иднина ќе има бенефит.

– Ова е голем предизвик, голема инвестиција каква што досега немало во државата, рече Трифуновски.

И тој очекува да почне да се работи на проектот со Србија и кракот до аеродромот, нагласувајќи дека граѓаните ќе имаат бенефит од овој капитален проект.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Бочварски: Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството Грозданов од Кочани, ова е заедничка акција на општеството

Бочварски – Рустеми: Коридорот 8 е стратешки проект, пратениците да го изгласаат законот за доизградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

Бочварски: Инвестираме милион евра во нов видео надзор на сите гранични премини за поефикасен транспорт

Горан Наумовски

Бочварски: Подденакво ги развиваме сите региони, инвестираме за подобри патишта во градовите и руралните места