Блокирани сметките на двете претпријатија на Македонски Железници?

Од:

Македонските железнички компании се соочуваат со опасност од блокирање на сметките.  Фактор ексклузивно дознава дека Агенцијата за регулирање на железнички сообраќај побарала блокирање на сметките на двете компании, МЖ-Транспорт  и МЖ –Инфраструктура. Според информациите што ги имаме, Агенцијата веќе испратила извршни решенија до двете компании, но, засега никој официјално не сооопштува дали сметките се блокирани или само се стигнати извршни решенија дека ќе бидат блокирани, пишува фактор.мк.

Владини извори, за Фaктор потврдуваат дека има проблем меѓу двете железнички компании и Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај, но, велат дека истиот проблем ќе биде надминат во текот на денот. Проблемот го потврдуваат и од железничките комапнии, ама засега, официјално не сакаат да кажат која е причината за можноста од блокирање на сметките.

Сепак вработените стравуваат дека ако состојбата не се реши наскоро ќе останат без плати. Проблемите во железницата никако да ги надмине ниту една владејачка гарнитура.

Иако, во железницата пред повеќе години имаше и отпуштања, и таа беше поделена на два дела, сепак ниту тоа не помогна во целосно надминнување на состојбите, па сега повторно компанијата се соочува со превработеност и запирање на возови поради неисплатени плати. Власта, за да нема отпуштања, бара начин како дел од вработените да ги префли во државни институции, иако со постапката не се согласуваат синдикатите и таа е доведена под знак прашање, дали воопшто ќе успее да се реализира.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

Орце Костов

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

Орце Костов

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

Орце Костов

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

Орце Костов

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски