Благ пад на декемвриската инфлација во Албанија

Од:

Инфлацијата во Албанија во последните два месеца забележала благ пад, во декември од 0,5 отсто споредено со месец ноември, кого пак споредено со октомври беше пониска за 0,4 отсто.

Според податоците на Институтот за статистика, инфлацијата минатиот месец достигнала ниво од 7,4 отсто, наспроти ноември 7,9 односно 8,9 отсто во октомври.

Сепак, во споредба со декември лани, инфлацијата е речиси двојно повисока.

Најголемо покачување на цените е забележано кај прехранбените артикли за околу 5 отсто, но во однос на декември 2021 година, цените во оваа група се повисоки за 14,2 отсто.

Зголемување на цените е констатирано во сите анализирани групи, вклучително и опремување на домот, комуникација, додека намалување е забележано кај цените на горивата. Албанските граѓани најмногу трошеле за образовни услуги, купување облека и за забава.

Ова е втор последователен пад на инфлацијата од јануари минатата година, кога започна бранот поскапувања, прво поради влијанието на отворањето на економиите поради пандемијата, а потоа, од март, по руската агресија во Украина, што ги потресе светските пазари па предизвика зголемување на цените и во Албанија.

Гледано одделено по месеци стапката на инфлација во февруари изнесувала 3,9 отсто, во март била 5,7, во април достигнала стапка од 6,2 отсто, во мај 6,7 , во јуни 7,4 јули 7,5 во август 8 отсто, септември 8,1, во октомври 8,3, во ноември била 7,9 и декември 7,4 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Честитка од Ахмети до Албанија: Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со вас

Катерина Ѓуровски