Бизнисмените бараат владата да прекине со нереалните ветувања

Од:

Комората на Северозападна Македонија побара од владата да се воздржи од нереални ветувања кои реално не може да ги исполни како зголемување на плати и пензии, разни премии субвенции и нереални вработувања. Од комората побараа влдата да престане со задолжувањата и дома и надвор.

Новиот претседател на Комората на Северозападна Македонија, Неби Хоџа побара итно стабилизирање на политичката состојба а на Народната банка и министерството за финасии им порача будно да ги следат финасиските трансакции за да нема неконтролиран прилив и одлив на пари.

Хоџа потенцираше дека од исклучителна важност е да се реализира започнатата патна инфраструктура која е од големо значење за компаниите кои извезуваат. Меѓу другото рече дека еднакво важно е да се направи и автопат до границата со Косово.

Хоџа појаснува дека поради ситуацијата може да се изврши секаков вид на прилив и внатре и надвор од државата и затоа треба да бидат внимателни.

Од Комората бараат посебно внимание да се посвети на реализацијата на патната инфраструктура со посебен нагласок на автопатот кон Косово преку граничниот премин Блаце.Хоџа потенцира дека овие мерки се произлезени само од членките на Комората.

„Барањата се само на Стопанската комора на Северозападна Македонија и ќе бидат испратени во најкус рок, бидејќи ситуацијата е сензибилна и треба да се реагира што е можно побрзо“ ,изјави Неби Хоџа претседател на Комората на Северозападна Македонија.

Тој смета дека во оваа ситуација треба да се прекине исплатата на К-15 на вработените, бидејќи, како што вели, во услови на празен буџет мора да се размисли паметно и да не се бара нешто што не е возможно.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов