Бизнис заедницата со пакет мерки до Владата

Од:

Вкупно 77 мерки за економски раст и предложи денеска бизнис-заедницата на Владата.

Министерството за финансии, Народната банка и Македонската банка за поддршка на развојот да најдат заеднички модел кој ќе го раздвижи или зголеми кредитниот раст на осум до 10 проценти, да се воведат мерки за дисциплинирање на фирмите при плаќање на долговите, да се укине категоријата на непризнаени расходи и да се заземе нова стратегија со приоритет на домашните инвестиции, се само некои од предлозите на Сојузот на стопанските комори што беа изнесени на денешниот деловен појадок со владиниот економски тим.

Компаниите сугерираат и интервенција во законските прописи со цел стечајот и ликвидацијата да бидат ефикасни и брзи, интензивирање на градењето големи, но уште повеќе и мали хидроцентрали кои би произведувале и продавале електрична енергија по пониски цени од увезената, како и наместо на фактурирана, данокот на додадена вредност да се плаќа на наплатена реализација.

Според фирмите, треба да се намали и стапката на ДДВ 18 на 5 отсто за топлинската енергија и за добиточната храна, да се подобри координацијата меѓу централната и локалната власт за побрзо решавање на имотноправните односи, да се промени времетраењето на летниот распуст од 15 јуни до 15 септември и на зимскиот од 15 јануари до 15 февруари со цел продолжување на летната и зимската туристичка сезона, забраната за пушење во угостителските објекти да важи до 21 часот.

На деловниот појадок во ресторанот „Ден и ноќ“ што Сојузот на стопанските комори го организира традиционално, секоја година, присуствуваат премиерот Никола Груевски и владините министри од секторите економија, финансии, земјоделство.

Како што беше истакнато во воведното излагање на ССК Златко Калеников, бизнисмените силно ја поздравуваат владината иницијатива за раздолжување кон стопанството.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он