Биткоинот за момент падна под психолошката граница од 10 илјади долари

Од:

Пазарот на дигитални валута продолжува да бележи загуби, откако речиси сите криптовалути се во пад, а Биткоинот е на најниско ниво од декември 2013 година.

Таа валута на кратко паднала на 9.817 долари, што е пад од 12 отсто, но Биткоинот брзо се опорави и се врати на нивото над 10 илјади долари.

Етерум тргуваше по шест отсто пониска цена од 1.104 долари, додека Рипл падна повеќе од девет отсто на 1,15 долари.

Во меѓувреме, експертите предвидуваат развој на Етерум бидејќи имаат поефикасни трансакции. Поради тоа многумина очекуваат оваа година Етерум да стане доминантна криптовалута.

Би можело да ве интересира

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Руските компании почнаа да користат биткоин поради западните санкции

Горан Наумовски

Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки

ВИДЕО: Биткоинот првпат во историјата ја надмина границата од 100 000 долари

Вредноста на биткоинот надмина 86.000 долари

Биткоинот се искачи на речиси 40.200 евра