Најпознатата криптовалута – биткоин, денеска урна нов рекорд, достигнувајќи цена од дури 5.144 долари во утринското тргување.
Со тоа е урнат претходниот рекорд, кога кон почетокот на септември биткоинот достигна вредност од 5.013 долари.
Toа значи дека инвеститорите ги надминале лошите вести од минатиот месец, кога регулаторите во Кина ги забранија некои од најголемите менувачници кои разменуваа биткоини.
Извештаите од изминатите денови укажуваат на тоа дека сепак ќе продолжи тргувањето со биткоини во втората најголема економија во светот.
Во извештајот на Criptocoinneys.com се наведува дека тргувањето со биткоини ќе продолжи во Кина, но со построга регулација. Тоа веројатно ќе значи воведување нови правила за лиценцирање и за спречување на перење пари.