Биткоинот ја враќа силата откако аналитичарите го отпишаа

Од:

Биткоинот постојано се сметаше за неуспешен проект, но во последните неколку недели, најстарата и најголема криптовалута во светот повторно зајакна поради надежите за нагло зголемување на побарувачката, велат аналитичарите.

На почетокот на коронакризата, биткоинот се сметаше дека е голем губитник. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена падна за повеќе од 50 проценти – на само 4,9 илјади американски долари. По кратка фаза на опоравување, цената долго време беше до границата од десет илјади долари, до пред неколку недели, пишува Дојче веле.

Во меѓувреме, најважната криптовалута не само што успеа да ја надомести драстичната загуба од пролетта, туку нејзината цена се зголеми за повеќе од 53 проценти од почетокот на септември. Само во октомври, биткоинот доби вредност од околу 30 проценти, пренесува СЕЕбиз.

Аналитичарот Тимо Емден вели дека поради неизвесниот изборен резултат во САД и во потрага по алтернативни можности за инвестирање – некои инвеститори прибегнале кон криптовалути.

Тој смета дека на овој начин, инвеститорите сакале да се заштитат од турбуленциите на берзата.

Исто така, крипто-валутите во моментов се повеќе се тема на разговор на ниво на централните банки. На пример, Европската централна банка (ЕЦБ) е скептична во однос на биткоинот, но размислува за воведување на дигиталното евро.

Би можело да ве интересира

Вредноста на биткоинот надмина 86.000 долари

Биткоинот се искачи на речиси 40.200 евра

Како се криел во Белград најбараниот криминалец во светот: Се возел со скапи автомобили, сосед му бил полицаец

Најбараниот криминалец во светот се криел на Дедиње, неговиот сосед бил висок функционер во српското МВР

Ана Ололовска

Постар човек плаќал за криптовалути три години – измамен е за десетици илјади евра

Горан Наумовски

Централноафриканската Република го усвои биткоинот како легална валута

А1он