Битиќи: Стапката на инфлација наскоро ќе биде едноцифрена

Од:

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска при гостувањето на националната телевизија се осврна на повеќе економски теми и нагласи дека стапката на инфлација наскоро ќе биде едноцифрена.

Фактите говорат дека од октомври кога го имавме пикот на инфлацијата од 19,8 отсто, трендот на намалување на инфлацијата, заради различните мерки, но и севкупните геополитички случувања, направија во последниот месец да се спушти на 11,3 отсто, рече Битиќи додавајќи дека реален е отпимизмот брзо да има едноцифрена стапна на инфлација, бидејќи стапката на намалување кај нас е поголема од таа во еврозоната.

Во врска со платите во јавниот сектор и барањата за нивно зголемување, Битиќи нагласи дека не може да се занемари фактот дека и во јавниот сектор платите во изминатите 6 години се зголемени во различни сектори од 20 до 45 отсто што не се случувало наназад низ годините.

Кога наназад со години вие упорно сакате државата да ја ставите на исто рамниште со Кина, Индонезија и други земји, и викате дека овде има евтина работна сила, веројатно последицата е она што ни се случува денес, рече Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ Битиќи истакна дека се бара системско решение за сите вработени во јавниот сектор.

Ние сме многу блиску со методологијата. Се обидуваме оваа недела да закажеме економско социјален совет да го предложиме новиот модел. Мислам дека ќе го отвориме за јавноста, за јавноста да види што реално дискутираме, за да нема различни интерпретации од синдикатите или другите чинители дека сме понудлиле ова или не. Ние велиме методологија, што ќе биде одржлива, со период на прилагодување, но со јасна цел за нашите сограѓани кои се во јавниот сектор, кај ќе стигнат со платите за одредена години, нагласи Битиќи, додавајќи дека нема магичен стап кој ќе ги реши проблемите за 24 часа, треба трпение, дијалог и консензус за решенија коишто се одржливи.

Во врска со цената на струјата Битиќи смета дека не треба да има покачување и дека владата ќе направи сé за да нема зголемување на цената за крајните корисници.

Оптимизмот се должи што во минатото покажавме дека ако малку подобро се организираме можеме да го зголемиме и домашното производство на струја и сметам дека тоа што требаше законски да се случи, да се врати ДДВ од 10 на 18 проценти може да има мало вијалние, но правиме напори влијанието да е навистина многу мало, порача Битиќи.

Започнување на работа на терен за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во државата, за изградба на коридорите 8 и 10 Д, Битиќи очекува за неколку месеци.

Динамиката е таква, во првите неколку месеци се прават испитувања на подлогите, се прават проектите и се носат на одобрување за да почне реалната реализиција. Се прават финалните подготвки за Тетово-Гостивар и Прилеп-Битола, реално очекувам за 2-3 месеци да видиме работа на терен и кога ќе почне нема да застане, таква е динамиката на оваа компанија да биде брза во изградбата на автопатските решенија, рече Битиќи, додавајќи дека според договорот 51% од подизведувачите треба да бидат домашни и тоа со должно внимание ќе се следи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

А1он

(ВИДЕО) Битиќи и дел од кандидатите од ИЕ2: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

А1он

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за авто осигурување

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов