Битиќи: Дилемата дали се мерките доволни секогаш останува, дали дале ефект ќе зборуваме на крајот на годината

Од:

По забелешките на угостителите и туристичките работници кои велат дека понудените мерки со шестиот пакт не се мерки што тие ги побарале и најавуваат дека ќе продолжат со протестите, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека државата го понудила она што можела во овој момент. Тој смета дека различните ставови се поради недоволната комуникација  и побара на мерките да не се гледа парцијално.

„Вчера одвоивме 17,8 милиони евра за еден сектор кој сметаме дека и битен имавме котрадикторини изјави и ставови сите до еден, вклучително и граѓаните. Тоа е одраз на тоа што недоволно комуницираме. Ги видов реакциите. Сметам дека нема скриени намери, намерата е јасна, јавно кажана, дадовме модел со кој ќе се помогне секој еден од секторите угостителство и хотелиерство со она што сега може да помогне државата. Остануваме на ставот дека сите владини програми се ориентираат кон справување со кризата од Ковид – 19 и не треба да ги гледаме парцијално туку интегрирано, со сите други и на крај на годината ќе зборуваме за ефектот“, рече вицепремиерот Битиќи.

За него друго прашање е дали мерките се доволни. Анализите покажале дека досегашните мерки дале сто отсто ефект.

„Дилемата дали мерките се доволни секогаш останува. Истата дилема ја имавме на почетокот на кризата, иста е и денеска. Веројатно и по една години, секогаш ќе зборуваме дали мерките се доволни затоа што тоа е квалитативна оценка и субјективна. Ние само можеме да кажеме дека заради четирите пакети мерки кои што Владата ги донесе минатата година, таргетирани, покажаа дека кога знаете умешно да испланирате и таргетирано да ја дадете помошта, ефектите се секако видливи. Ние ја завршивме 2020 година со пад од 0,45. Без помошта од Владата падот би бил 8.5 отсто. Тоа е суштинска разлика. Сме направиле ефект од сто отсто од тоа што сме го дале. Тоа е како би требало една Влада соодветно да постапи. Секако не можеме да се мериме со другите земји“, вели вицепремиерот Битиќи.

Уверува дека Владата ги следи состојбите и дека ќе ги поддржи сите сектори кои се погодени. Тој рече дека засега нема показатели кои би укажале на потреба од ребаланс на Буџетот оти на располагање им била алатката пренамена на средства.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал