Бислимоски: Постои можност сметките за струја за март, април и мај да се плаќаат на рати

Од:

Постои можност сметките за потрошена електрична енергија за март, април и мај годинава да се плаќаат на рати поради актуелната состојба со коронавирусот, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

-Постои можност сметките за овие месеци да се поделат на рати со цел да не им бидат на товар на потрошувачите. Покрај тоа и потрошувачите кои од претходно беа исклучени заради неплатени сметки за електрична енергија повторно се приклучени на мрежата, рече Бислимоски во вестите на ТВ Канал 5.

Тој нагласи дека воведување на ефтина тарифа за струја во текот на целиот ден е неизводливо од економски аспект.

-Нашата анализа покажува дека доколку се воведе евтина тарифа за електрична енергија во текот на целиот ден за едно просечно семејство трошоците би се намалиле за 400 денари на месечно ниво, а вкупниот трошок за воведувањето на евтина тарифа би изенесувал 5,5 милиони евра месечно, прецизира Бислимоски.

РКЕ, како што кажа, побарала од БЕГ да го зголеми прагот за вклучување на парното греење во Скопје од минималната гранична температура од 15 степени, како што е пропишано, на 16 или 17 степени целзиусови. -Тоа БЕГ веќе го реализира, потенцира Бислимоски.

Би можело да ве интересира

Стартуваме со интеграција на македонскиот кон Европскиот енергетски пазар најавува Бислимоски

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико