Бислимоски: БЕГ да ги сторнира сметките за парно бидејќи се пресметани без субвенции за топлинска енергија

Од:

Откако снабдувачот со топлинска енергија БЕГ на скопјани им достави повисоки за 40% наместо со најавеното покачување од 14 отсто, Регулаторната одлука побара од БЕГ да ги сторнира сите сметки кои се испратени до потрошувачите затоа што во нив не била вкалкулирана сумата која Владата ја дава како субвенција за топлинска енергија.

– Изминатите два дена голем број на граѓани до РКЕ поднесуваат поплаки за 40 отсто поголеми сметки . Во овие сметки не е вкалкулирана субвенцијата која Владата ја дава за топлинска енергија. РКЕ бара БЕГ да ги сторнира сите сметки кои се испратени до потрошувачите и да се изготват нови сметки во кои ќе се вкалкулира субвенцијата која ја добиваат граѓаните од Владата.

Средства во буџетот се обезбедени за оваа намена, но ако треба ќе се донесе нова одлука. Потенцирам, сметките се испраќани на 30-31 август, а месецот не беше завршен. Мора да се издадат нови сметки – рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Првиот човек на РКЕ сепак вели дека можно е да е дојдено до одреден административен пропуст и да истекол рокот на владината одлука за субвенционирање на топлинската енергија.
БЕГ, иако ги загуби лиценците, се уште управува со парно-греењето се додека Владата не одреди нов оператор до почетокот на грејната сезона.

Би можело да ве интересира

До крајот на годинава ќе нема дополнителен час евтина дневна тарифа

Горан Наумовски

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното