„Билд“: Германија инсистира на учество на ММФ во грчкиот план за спас

Од:

Германија очекува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да учествува во актуелната програма за спас на Грција, објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извор во Министерството за финансии во Берлин.

Истиот извор во изјава за весникот ги демантира информациите дека Берлин подговува нова програма за спас на Грција без учество на ММФ.

– Се уште го очекуваме учеството на ММФ, бидејќи тоа е непоходно, изјавил изворот за „Билд“.

Фондот претходно соопшти дека ќе се вклучи во спорведувањето на овој трет план за помош на Грција од 2010 година, доколку добие гаранции дека тој ќе биде и последен и ако со него се предвидува и отпишување на дел од грчкиот долг.

Германија досега остро се противише на отпишување на грчкиот долг, по што во јавноста се појавија информации дека германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле се подготвува да предложи нов план за помош на Грција во кој не би бил вклучен ММФ.

Според „Билд“, планот на Шојбле предвидувал недостигот на средства во финансиката помош за Грција, што би настанал при повлекувањето на ММФ, да се надомести од Европскиот стабилизациски механизам.

По објавувањето на ваквите информации, анонимни извори од грчката Влада соопштија дека Атина би се сложила на ваквиот евентуален план на Германија без учество на ММФ.

Преговорите меѓу Атина и меѓународните кредитори околу оценките за исполнувањето на обврските што ги презеде Грција во рамки на планот за спас, западнаа во ќорсокак поради различните ставови на двете страни околу социјалните и пензиските реформи, поставените финансиски цели и отпишувањето на грчкиот долг.

Би можело да ве интересира

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува