Безос се повлекува од функцијата генерален директор на Амазон

Од:

Најбогатиот човек на светот и основач на „Амазон“, Џеф Безос денеска треба да поднесе оставка од функцијата извршен директор на таа џиновска платформа за трговија преку Интернет. Тој помина 27 години на чело на компанијата.

Безос, кој е на првото место на листата со најбогати личности во светот на „Форбс“, со имот вреден околу 189 милијарди долари, најави заминување од функцијата извршен директор на „Амазон“ во февруари, со цел да се посвети на својата вселенска компанија „Блу ориџин“ (Blue Origin), пишува „Раша тудеј“.

„Амазон“, која започна да работи како онлајн книжарница во 90-тите години на минатиот век, порасна во последните две и пол децении и стана една од највредните компании на берзата во светот, со пазарна капитализација од 1,7 трилиони долари.

Безос планира да задржи 10,3 проценти од акциите во компанијата, како и позицијата извршен претседател на бордот на директори на „Амазон“.

Тој ќе му ја предаде позицијата извршен директор на Енди Џеси, кој се приклучи на компанијата во 1997 година и кој во моментов го води секторот за облак-компјутери на „Амазон“.

Во меѓувреме, Безос планира да се придружи на екипажот на вселенското летало-капсула Њу Шепард на неговата вселенска компанија на првиот патнички лет во вселената, што е закажано за 20 јули, на годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината во 1969 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Амазон ги лансираше првите сателити, ќе му прави конкуренција на Старлинк на Маск

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Околу 10.000 вработени во Амазон ќе добијат отказ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Штрајк на вработени во Амазон во Германија

Италијанскиот пазарен регулатор го казни Амазон со 1,13 милијарди евра

Амазон прекинува да прифаќа плаќања со Visa кредитни картички од Британија

Ана Ололовска