Бесплатни онлајн обуки за кариерно советување за невработени млади лица

Од:

Здружението за истражување и анализи ЗМАИ објавува Повик за учество на бесплатни онлајн обуки за кариерно советување за 30 невработени млади лица до 30 години, во рамките на проектот “Кариерно советување за полесно прилагодување на пазарот на труд во услови на КОВИД-19”. За да можат да се пријават на обуките учесниците треба да бидат млади, невработени лица до 30 години кои, го изгубиле своето работно место поради кризата, доаѓаат од социјално ранливо семејство, имаат одредена попреченост или немаат услови за доусовршување и надоградување на своите знаења.

-Преку три еднодневни онлајн обуки за кариерно насочување и лично менторирање од страна на стручни ментори, придобивки ќе имаат 30 млади невработени лица до 30 години. Проектот е поддржан во рамки на програмата на Агенција за млади и спорт за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата насочена кон младите. Еднодневните обуки ќе се реализираат во ноември 20 и ќе бидат организирани на македонски јазик, информираат од Здружението.

На обуките ќе бидат обработени можностите за планирање на кариера и начини на барање на работа, хакирање потенцијални работни позиции и усовршување на прелиминарните елементи за апликација, како и подготовка и учество на интервју за работа и неконвенционални начини за вработување (студија на случај ЗМАИ)

Поради настанатата ситуација со КОВИД-19, обуките ќе бидат спроведени целосно онлајн, со помош на платформата ZOOM. Од таа причина, учесниците ќе треба да располагаат со уред преку кој што успешно ќе можат да ги следат оналјн обуките на платформата ZOOM.

За оваа онлајн обука ќе бидат избрани вкупно 30 учесници. Точните датуми за следење и времетраење на обуките, како и линковите за вклучување на обуките, ќе бидат испратени на учесниците по нивниот избор.

Учесниците што ќе ги следат обуките добиваат целосна програма и материјали за обука во дигитална форма, како и менторска поддршка од месец и половина во процесот на барање на работа, исто така во дигитална форма, со цел целосно спречување на можноста за пренесување на КОВИД-19

Сите заинтересирани кандидати може да се пријават на следниот линк. Краен рок за пријавување е 25 октомври до 17.00 часот.

Избраните учесници ќе бидат контактирани за учество на обуката со доставување на агенда, план за работа и логистички информации околу реализација на обуките. Сите селектирани учесници задолжително треба активно да се вклучат во обуките и да присуствуваат на сите модули.

Би можело да ве интересира

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Евростат: Стапката на невработеност во ЕУ е шест проценти

Рекорден број Французи дале отказ од работа во потрага по постојана работа

А1он

Намалена невработеноста во Грција

А1он

Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Хаѕидакис: Невработеноста во Грција падна на 11,9 отсто во февруари и не е прво априлска шега

А1он