Бесими: Со буџетот за 2021 година се обезбедува поголема поддршка за домашното стопанство

Од:

За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средни претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област економски работи во 2021 година се обезбедени за 4,5 проценти поени повеќе во однос на буџетот 2019 година, односно со буџетот за 2021 година 24 отсто од расходите се наменети за економски работи, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на комисиската расправа за буџетот во Собрание.

Во однос на развојната компонента на буџетот за 2021 година, како што соопшти Министерството за финансии, министерот посочи и дека се предвидени средства за капитални проекти за 20 отсто повеќе во однос на ребалансот, како и дека првпат има петгодишна рамка за проектите со цел да се подобри нивната реализација.

-Буџетот за идната година треба да даде перспектива за раст и развој. Поради тоа капиталните инвестиции споредбено со ребалансот предвидуваат зголемување за 20 отсто. Предвидуваме и со механизми со кои сметаме дека може да се подобри реализацијата. Во самиот документ има листа на капитални проекти на среден рок, како автопатишта, железничка инфраструктура, енергетска инфраструктура, комунална инфраструктура, инфраструктура од образование и здравств, вели министерот за финансии.

Во однос на економскиот развој и соочување со тековната ситуација министерот во однос на четвртиот пакет мерки посочи дека за октомври за околу 14.000 правни субјекти е веќе одобрена финансиска поддршка за исплата на плати со што се опфатени околу 58.000 работни места. Станува збор за 15 милиони евра, кои воедно се инјектираат и во стопанството.

Министерот посочи дека економското заздравување и развојот на економијата ќе се поттикнуваат и преку Стратегијата за економско заздравување и раст, преку која на среден рок ќе се обезбедат стапки на раст од 4-5 отсто или двојно повеќе во однос на просекот од последните десет години.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6